Домашно кисело млеко, јогурт и павлака
3 во 1 и полесно не ни може да биде. Досадно е чекањето, исто како што е досадно стасувањето на тестото.
Млекото се вари. Не мора да врие, само да фати малку кајмак горе. Тогаш веќе има постигнато температура над 63 степени и веќе е пастеризирано (да бре да, тоа да ти било пастеризација, а јас мислев којзнае што е и што машини требаат - најобично варење со фенси име). Ако го оставите да врие само ќе треба да чекате подолго време да се лади. Тоа се тие досадните чекања.
Од како ќе се свари се остава да се олади до температура од 40 до 42 степени. На таа температура во млекото се додава потквасот убаво разбиен за да биде течен. Се сипа млекото во садовите во кои сакате да го поткиселите и се остава да кисне.
Финти, финтички и фраерски совети
1. Како ќе знаете дека температурата пред ставање на потквасот е 40-42 степени?
Ние имаме термометар кој го купивме во поголемите скопски маркети за окулу 300 ден, но доколку немате и обичен би ви завршил работа. Ако сакате или морате да проверувате со прст, тогаш млекото треба да е млако, само малку потопло од телесна температура. Доколку е врело и во него се стави потквасот, може да ги изгори добрите бактерии од потквасот и да не се скисели.
Во мое село единица мерка за мерење температура на млеко со прст е да издржиш без да те гори 13 сек. Тогаш можело потквас да се стави.
Или оладете го комплетно, додадете ја мајата и прејдете на чекор два - рерната ќе заврши што треба :)
2. Начин на чување додека да се поткисели
Нашите баби и мајки ги виткаа во ќебиња садовите во кои се поткиселуваше млекото и ги оставаа цел ноќ.
НО, МРЗЛИВИТЕ КАКО МЕНЕ НАЈДОА НАЧИН!
Побрзо, полесно и без ќебиња.
Ќе ја вклучите рерната на 50 степени да се загрее и ќе ја изгасите. Не ви треба за да пече или одржува висока температура, само да е млака.
Ќе ги ставите садовите со млекото во кое сте го додале потквасот, ќе ја исклучите рерната и ќе мерите 3 часа да поминат. По тие три часа, проверувате дали е стегнато, пудингасто и ако е веднаш го префрлате во фрижидер, а ако не е, го оставате уште еден час. Стаклото на рерната ќе биде наросено, но тоа нема никаво влјание на поткиселувањето.
Во рерната слободно можете да ставите и пластични садови, температурата е ниска, нема да ги стопи.
Јас за да не го заборавам, па да биде покисело на вкус уште на сам почеток, си навивам саат да ме потсети или вклучувам тајмер на мобилен да одбројува. Морам да се снаоѓам кога сум ветрушка, што да правам
3. Какви млеко и маја (потквас, не слугинка за по дома)?
Ние користиме домашни млека и потквас, значи од нашите овчички и козички, а потквас прв пат земавме од комшиите. Потоа, при секоја следна тура си тргаме на страна малку од нашата маја (потквасот де, не е дека имаме бело робје по дома).
Не би знаела да кажам дали може да успее со купечко тетрапак или млеко во ќесе, а и не знам дали може за потквас да служи купечко кисело млеко.
Кога живеев во град сама си правев кисело млеко, па дури и од безмасно млеко си правев кисело млеко (му требаше само дупло време да стои за да се скисели), ама тоа беше пред 10 години. Некои фирми одамна користат маја за една употреба при правење на кисело млеко, за да не можеш од тоа да направи некој друг.
Ако некој правел со купечко млеко во скоро време, нека ми каже, сакам да знам.
4. Јогурт.
Иако во индустријата со посебен потквас се прави јогуртот, ние дома го правиме на добриот сеЉачки начин и супер е.
За проба направете го колку кисело млеко - толку вода и мешајте. Јас мешам со миксер 3-4 мин, додека не стане мазно. Пробајте и видете дали ви одговара густината, па полесно ќе го направите следниот пат.
5. Количините нормално дека можете да ги прилагодувате по потребите. Ние секогаш приготвуваме голема количина, по 5-6 литри одеднаш за да имаме за подол период. Да не чекаме секој ден.
Киселото млеко приготвено на овој начин, не е воопшто кисело, напротив, само цврсто и убаво. Бидејки не е кисело на вкус, може да стои и до 10 дена додека да се скисели, да зареже. Мене секако ми е убаво.
6. Павлака
Приготвеното кисело млеко ставете го во цедалка или сад прекриен со газа и оставете го да се исцеди водата од него. Доколку сакате густа павлака, заборавете го цела вечер, во спротивно ѕиркајте од време на време за да си ја прилагодите густината.
Или план Б, доколку ви е прегуста павлаката, додадете малку кисело млеко за да ја разбиете.
За жал не би можела да ви кажам од колку прецедено кисело млеко, колку павлака излегува. Никогаш не мерам бидејки не ми требало за рецепт, а и зависи од густината која ја сакате.
Мислам дека се кажав. Ако нешто сум заборавила ќе се објасниме во коментари или тетките и чичковците од МоиРецепти ќе ни корегираат.
Ајде чао. Ме чека таратур на жешково.
Лиценца: Сите права се задржани
мирјанке, права и ли не права, ги хранам по дома и живи се :) :) :):)
pozz.
blagodaram.
Receptot isto taka dobar! Jas ne sum kiselela do sega, majka mi porano go pravese toa ama od kupecko tetrapak mleko. Sigurna sum deka ogromna e razlikata ako se pravi so domasno mleko. Sekako domasnoto proizvodstvo e podobro od industrijata. Za zal mene ne mi e dostapno domasno mleko inaku so zadovolstvo ke go isprobav receptov!
албетина, јув нејлд ит :) :) :) :)
Ovoj recept, se podgotvuva vo mnojot dom cesto, za letnive gorestini e super.
Napisi recept za sirenjeto dodeka ne mi pominal rokot na siriloto, ke mi bide maka povtorno da odam da kupuvam....
еве нови слики
ама не падна. го лупав од садот за матење, ама баш го лупав и трескав и не падна. морав со лажица да го копам :) :) :) :)
клара, го пуштив вчера рецептот за сирење и кашкавал, ваљда ќе се објави денес :)
а за лепењето, зарем има нешто подобро од САНИТЕКС- лепи немогуче ствари :) :) :) :)
Иначе имам јас квасено скоро со домашно млеко и купечко кисело за потквас го бива ама не вака како твоево