Домашно делимано гиро
Навистина уживавме во подготовката на гиро во комплет домашни услови, а со новиот апарат за гиро. Децата беа воодушевени, впрочем сите бевме задоволни од вкусот на ова домашно гиро =) Браво за Делимано !
Подготовка на гиро зачин
Сите зачини наведени во состојки измешајте ги и ставете ги во стаклена тегла.
Подготовка на лепињи за гиро
Квасецот со шеќер и пола шоља вода оставете го да се активира. Во сад во кој ќе ви нараснува тестото ставете го брашното маслото, солта и активираниот квасец и замесете меко тесто со остатокот млака вода. Оставете го да нарасне.
Размесете го тестото на топчиња околу 10, а ако сакате поголеми лепињи 6-7 топчиња. Загрејте ја рерната на 180 степени. Потоа со рака со притисок на прстите, формирајте лепињи. На плех на кој сме ставиле хартија за печење ги ставаме лепињите да се печат од двете страни околу 2-3 минути (да ни останат бели). Ги вадиме од рерна и ги покриваме со крпа. Вака спремни може и да се замрзнат. Пред правење на гирото ги потпекуваме на тавче на рингла на кое сме ставиле малку масло, од двете страни.
Јас за мојата војска дома правев две вакви дози на лепчиња.
Подготовка на месото
Од пилешкото месо ги отстрануваме коските. Месото за гиро маринирајте го со сенф, маслиново масло, зачин за гиро, лимонов сок и останатите зачини и оставете го така да отстои неколку часа. Наредете го на шипката од апаратот за гиро на Делимано. При редењето редите во слоеви различен тип на месо и помеѓу секое парче ставате сланина. Уклучете го апаратот и уживајте во друштвото. После 40-50 минути првиот надворешен слој на месото е печен. Исклучете го апаратот и со остар нож насечкајте го месото. Продолжете со печење на следниот слој месо.
Подготовка на ѕаѕики сосот
Краставичките ги рендаме, лукот го толчиме или ситно го сечкаме и сите состојки заедно ги мешаме.
Подготовка на гиро во лепиња
Лепињата предходно потпечена ја мачкаме со ѕаѕики сосот, па на неа го редиме сечканото месо и пржените компири. По вкус ставаме кромид, патлиџан, салата, буковец и....по желба.
Пријатен апетит!!!
п.с. Имавме сонце, уживавме во гирото, убаво семејно дружење, ни фалеа уште морски бранови за вистинска одморска грчка атмосфера =)))
Лиценца: Сите права се задржани
Од вкусно повкусно:) Големиот син вика ,,а да отвориме една гиро сендвичара,, дури и име и дадовме:))) А бе немам зборови, се беше супер,а пак при самата подготовка сите учествуваа на свој начин:)
Единствено јас направив пропуст, не си го сликав месото кога се испече, а пак и едвај стасав и ваква фотка да направам, мислам со готов производ:) Ќе ми простите , нели ?! Многу возбуда, многу членови и то...
Ама Делимано, значи не се нормални, значи ги обожавам, поубав и попаметен апарат не можеа да смислат, ова е нешто феноменално! Деновиве и коковчиња ќе си правам на него, а бе ЛЕПОТА!
Иако јас не сум ништо повеќе од другите,мајки, домаќинки... само што имам повеќе обврски од останатите (си знаеш ти како изгледа тоа), а се обидувам да си останам до своето, се да биде домашно зготвено, зошто пак прво на мене ми е мерак, второ такво е поквалитетно, а трето полна ми е душата кога ќе им приготвам нешто вкусно и ќе го снема за миг:))))
Поздрав до Виничката фамилија!!!!
А бидејќи си љубител на гиро, повеќе од сигурна сум дека ќе биде почесен член на твојата кујна:)
vo pravo e lili ti nema raven!!!!
i jas so netrpenie go cekam aparatov za giro, ke ima gostewe
Кате вистинска гозба е, така е:)