Домашно делимано гиро
Состојки
- Месо за гиро
- 300 гр свински пафлак
- 500 гр свински врат
- 500 гр пилешки батак со карабатак
- 250 гр сланина
- Маринада за месото
- 3-4 лажици сенф
- 5-6 лажици маслиново масло
- 3-4 лажици зачин за гиро
- сок од еден лимон
- 1-2 лажици мешан сув зачин
- бибер по вкус
- За зачинот за гиро
- по 2 лажички оригано, тимијан, кориандер, лук во прав, магдонос, ким, чили
- 1 лажичка цимет
- За ѕаѕики сос
- 5-6 кисели краставички(или една мала свежа)
- 4-5 лажици кисела павлака
- 2 лажици мајонез
- 3-4 чешниња толчен лук (или лук во прав)
- 1 лажичка копар
- 2-3 лажички лимонов сок, сол по вкус(ние не ставивме)
- За лепињите
- 4 шољи брашно
- 1 сув квасец
- 1 и 1/2 шоља топла вода
- 1 лажичка шеќер
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка маслиново масло
- Пржени компири, кромид, патлиџан, салата количини по желба
Подготовка
Навистина уживавме во подготовката на гиро во комплет домашни услови, а со новиот апарат за гиро. Децата беа воодушевени, впрочем сите бевме задоволни од вкусот на ова домашно гиро =) Браво за Делимано !
Подготовка на гиро зачин
Сите зачини наведени во состојки измешајте ги и ставете ги во стаклена тегла.
Подготовка на лепињи за гиро
Квасецот со шеќер и пола шоља вода оставете го да се активира. Во сад во кој ќе ви нараснува тестото ставете го брашното маслото, солта и активираниот квасец и замесете меко тесто со остатокот млака вода. Оставете го да нарасне.
Размесете го тестото на топчиња околу 10, а ако сакате поголеми лепињи 6-7 топчиња. Загрејте ја рерната на 180 степени. Потоа со рака со притисок на прстите, формирајте лепињи. На плех на кој сме ставиле хартија за печење ги ставаме лепињите да се печат од двете страни околу 2-3 минути (да ни останат бели). Ги вадиме од рерна и ги покриваме со крпа. Вака спремни може и да се замрзнат. Пред правење на гирото ги потпекуваме на тавче на рингла на кое сме ставиле малку масло, од двете страни.
Јас за мојата војска дома правев две вакви дози на лепчиња.
Подготовка на месото
Од пилешкото месо ги отстрануваме коските. Месото за гиро маринирајте го со сенф, маслиново масло, зачин за гиро, лимонов сок и останатите зачини и оставете го така да отстои неколку часа. Наредете го на шипката од апаратот за гиро на Делимано. При редењето редите во слоеви различен тип на месо и помеѓу секое парче ставате сланина. Уклучете го апаратот и уживајте во друштвото. После 40-50 минути првиот надворешен слој на месото е печен. Исклучете го апаратот и со остар нож насечкајте го месото. Продолжете со печење на следниот слој месо.
Подготовка на ѕаѕики сосот
Краставичките ги рендаме, лукот го толчиме или ситно го сечкаме и сите состојки заедно ги мешаме.
Подготовка на гиро во лепиња
Лепињата предходно потпечена ја мачкаме со ѕаѕики сосот, па на неа го редиме сечканото месо и пржените компири. По вкус ставаме кромид, патлиџан, салата, буковец и....по желба.
Пријатен апетит!!!
п.с. Имавме сонце, уживавме во гирото, убаво семејно дружење, ни фалеа уште морски бранови за вистинска одморска грчка атмосфера =)))