8
мај
2013
Домашни ќебапчиња со сенф
Во подлабок сад ставете го месото, ренданиот кромид и јајцето.
Убаво со раце замесете па додајте ги лебните трошки, сенфот, сецканите суви пиперки и магдоносот.
Зачинете со црн бибер и мешан сув зачин и убаво замесете ја смесата за ќебапчињата.
Со најлонска фолија затворете го убаво садот и оставете ја смесата да отстои во фрижидер 5-6 саати.
Со намрснети раце земајте од смеата и формирајте ќебапчиња.
Пржете ги на загреано масло на не многу силен оган и вадете ги на кујнска хартија да се впие вишокот мрснотија.
Лиценца: Сите права се задржани