Подготовка:

1. Изрендајте ја главицата кромид. Сомелете ги овесните снегулки.
2. Во длабок сад помешајте ги сите состојки заедно со меленото месо. Убаво измешајте нека се спојат.
Покријте со најлонска фолија и оставете да отстои најмалку еден час во фрижидер.
3. Потоа со лажица вадете од смесата и формирајте ги ќофтињата. Ако ги правите на скара, можете да ги редите како ражничиња, а ако ги пржите може и како мене само да ги формирате и директно на пржење. Со готовите кебапчиња послужете се со кромид и буковец.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови