Домашна алва (посна)
Се ставаат шеќерот, водата и маслото да зовријат. На исклучена рингла потоа се остава да врие околу 5 мин. во кое време ја додаваме ванилата.
Се додава маргаринот исецкан на ситни парчиња и се меша додека се стопи.
Брашното и какаото се машаат заедно и со брзо, непрекинато мешање постепено се додава на подготвената течна смеса.
По желба се додаваат крупно исецкани бадеми, ореви, лешници и суво грозје.
Се истура во плех, тепсија или калап во висина од 2 см и кога ќе олади и добро се здрви се сечи на штангли.
Мојата денешна алва е приготвена со предходно карамелизирање на шеќерот, наместо како што е наведен рецептот, а во неа не додадов јаткасти плодови. Сето тоа заради испробувањето на делимано калапчињата.
Пријатно!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Те молиме пиши ни ги твоите податоци на емаил http://moirecepti.mk/kontakt/ или како порака на Facebook.
МоиРецепти
a милице за информациите да ги сменам ќе треба уште многу да учам, ама сепак фала ти на пофалбите, убаво е да се чита кога те фали некој :))) <3
туку, кога ги вадеше калапите?
од кога убаво се олади алвата?
не се рони?
ток ту ми воман!! :) :) :) :)
Милице, какви облаци... од невремето денес цел ден струјата не зеза-затоа ме нема. таман ќе се вклучам и ... аш, нема струја...
Лудо, кога ќе излади доволно да можи со раце да се гиба а да не се изгориш, ќе ја расплескаш во кора (исучиш), а млака со калапчињата. Нема гајле од ронење, оти има и маграрин и масло во содржината. Ронењето очекувај го кога ќе одлежи барем една ноќ. Бидејќи е посна, има исто така долг рок на траење. Само што со секој изминат ден полека, полека, станува поронлива, мислам повеќе на тоа дека ќе е посува и добива лик како оние алвите црни што се продаваа од брашно.
01 час по полноќ, ако не ми се сврзани паметно речениците, на реагирање ќе се поправам...(ОЈДОВ да спијам) :)))