Брза посна домашна нутела збогатена со бадеми
За 15 минути, задоволни лица на вашите драги. ^_^
Ова е поздрава верзија на нутелата, а, за вкусот, пробајте, едноставно прекрасно.
1. Лешниците и бадемите убаво се блендираат, додека не изгледаат како путер, отприлика 5 мин. Јас користев свежи.
* Може да ги ставите во една крпа и да ги исситнете со удариње со чекан. Овој пат јас решив да го направам така и ми се допадна. Вкусно е со малку покрупни парчиња, крцкаат и даваат посебно задоволство.
2. На смесата од лешници и бадеми се додаваат останатите состојки и се блендира. Ако ви е премногу густо со чаша масло, слободно додајте си малку повеќе.
Вака приготвено, може да стои и неколку месеци, ама не верувам дека нема да биде изедено толку долго. Предноста е што оваа варијанта е природна, поевтина и може да се искористи во многу рецепти.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
само да се мачка на леб...или срка директ од тегла, како и да ти дојде. мене, чудна работа, ми доаѓа само од тегла да сркам :) :) :) :)