25
апр
2014
Збогатена мимоза салата
Пролетна мимоза салата се прави скоро во секој дом. Основата се салатата и јајцата, ама јас знам да ја направам и во оваа комбинација, ама и со други дополнителни состојки, како што се маслинки, лукче, лупен сончоглед или семки. Ова ми е најбрза за правење.
1. Салатата ја миеме и ја сечкаме.
2. Варените јајца ги лупиме и ги сечкаме.
3. Младото кромитче го сечкаме на ситно со се перцата.
4. Ротквиците ги сечкаме на тенки половинки.
5. Врз сето ова ставаме сол, масло и оцет и убаво промешуваме.
И одлично оди со ракија....
Лиценца: Сите права се задржани