24
дек
2015
Салата со туна - Мимоза салата
1. Кромпирите и морковите се варат заедно, потоа се рендаат одделно.
2. Кромидот ситно се сецка.
3. Јајцата се варат. Потоа белките се рендаат одвоено од жолчлките, а исто така жолчките се рендаат на најситно ренде.
4. Од туната се фрла маслото и се пасира со вилушка.
5. Салатата се реди на следниот начин - слој туна + слој мајонез+слој белки+слој мајонез+ слој моркови +слој мајонез+ слој кромид + слој кромпири +
слој мајонез + слој жолчки. Салатата меѓу слоевите се посолува по вкус и накрај се декорира по желба.
Мимозата треба да се излади во фрижидер барем 1 час.
Лиценца: Сите права се задржани