Испечати

Збогатена мимоза салата

Збогатена мимоза салата

Состојки

  • 1 марула салата
  • 3-4 варени јајца
  • 3-4 млади кромитчиња
  • 2 ротквици
  • сол, маслиново масло и јаболков оцет по потреба и вкус

Подготовка

Пролетна мимоза салата се прави скоро во секој дом. Основата се салатата и јајцата, ама јас знам да ја направам и во оваа комбинација, ама и со други дополнителни состојки, како што се маслинки, лукче, лупен сончоглед или семки. Ова ми е најбрза за правење.

1. Салатата ја миеме и ја сечкаме.
2. Варените јајца ги лупиме и ги сечкаме.
3. Младото кромитче го сечкаме на ситно со се перцата.
4. Ротквиците ги сечкаме на тенки половинки.
5. Врз сето ова ставаме сол, масло и оцет и убаво промешуваме.

И одлично оди со ракија....