Збогатена проја
Недела. Доручек треба да се прави. Отварам фрижидерот, некои остатоци од повеќе продукти. Отварам тетратката за рецепти. Сега ќе ви презентирам што комбинација направив.
1. Јајцата ги матиме убаво, со миксер да се дуплираат. Ги ставаме сувите состојки односно брашното и пецивото, течните состојки и промешуваме убаво. Смесата треба да ни е погуста од смеса за палачинки, а поретка од смеса за мекици.
2. Сирењето го гмечиме со вилушка, а месните производи ги сечкаме, па ги пропржуваме убаво, во тава, без зејтин. Ги мешаме сите заедно во смесата.
3. Намрсуваме и набрашнуваме тавче бр.34 и ја истураме цела смеса во него.
4. Посипуваме со сусам. Печеме на 220 степени до поруменување (околу 25 минути).
5. Оставаме да се подизлади покриено со крпа. Сервираме топло, не жешко.
Препорачувам јогурт и младо кромитче како додаток на пројава.
Шољата е од 150 мл.
Лиценца: Сите права се задржани