Брза посна домашна нутела збогатена со бадеми
Состојки
- 1 1/2 чаша лешници
- 1/2 чаша бадеми
- 6 лажици какао (или чоколадо во прав)
- 1/2 чаша шеќер во прав
- 1 чаша маслиново масло (ако сакате да биде потечно, може и повеќе)
- 1 лажиче природен екстракт од ванила
- прстофат сол
Подготовка
За 15 минути, задоволни лица на вашите драги. ^_^
Ова е поздрава верзија на нутелата, а, за вкусот, пробајте, едноставно прекрасно.
1. Лешниците и бадемите убаво се блендираат, додека не изгледаат како путер, отприлика 5 мин. Јас користев свежи.
* Може да ги ставите во една крпа и да ги исситнете со удариње со чекан. Овој пат јас решив да го направам така и ми се допадна. Вкусно е со малку покрупни парчиња, крцкаат и даваат посебно задоволство.
2. На смесата од лешници и бадеми се додаваат останатите состојки и се блендира. Ако ви е премногу густо со чаша масло, слободно додајте си малку повеќе.
Вака приготвено, може да стои и неколку месеци, ама не верувам дека нема да биде изедено толку долго. Предноста е што оваа варијанта е природна, поевтина и може да се искористи во многу рецепти.