Домашна алва (посна)
Состојки
- 1 кг шеќер
- 200 гр вода
- 200 гр масло
- 2 ванила
- 4-5 лажици какао
- 600 гр брашно
- 200 гр маргарин
Подготовка
Се ставаат шеќерот, водата и маслото да зовријат. На исклучена рингла потоа се остава да врие околу 5 мин. во кое време ја додаваме ванилата.
Се додава маргаринот исецкан на ситни парчиња и се меша додека се стопи.
Брашното и какаото се машаат заедно и со брзо, непрекинато мешање постепено се додава на подготвената течна смеса.
По желба се додаваат крупно исецкани бадеми, ореви, лешници и суво грозје.
Се истура во плех, тепсија или калап во висина од 2 см и кога ќе олади и добро се здрви се сечи на штангли.
Мојата денешна алва е приготвена со предходно карамелизирање на шеќерот, наместо како што е наведен рецептот, а во неа не додадов јаткасти плодови. Сето тоа заради испробувањето на делимано калапчињата.
Пријатно!