Добош торта
Тортата е сосем едноставна во состојките, но начинот на редење и украсување и посебниот вкус ја прават стара добра класика.
Исечете 8 кругови од хартија со пречник 22 цм.
Загрејте ја рерната на 170 Ц.
Јајцата со шеќерот матете ги долго додека не добиете сосем светла, густа пена, некаде дваесетина минути. Додајте го брашното и измешајте со шпатула, со превртување одоздола нагоре за да не спаднат јајцата. Ставајте по 3 големи, преполни лажици на секој круг хартија и испечете тенки кори, во калапи со соодветна големина или круговите хартија распоредете ги на плех од шпоретот. Водете сметка дека печењето трае сосема кратко, најмногу 5 минути и дека корите треба да се светли. Оставајте ги една врз друга да се ладат.
На сосем тивок оган или на пареа матете ги јајцата со двата вида шеќер додека не станат густи и лепливи. Додајте го чоколадото, мешајте да се растопи, па добиената смеса оставете ја да се олади. Изматете го пенесто путерот, па додајте го во него кремот од јајца и чоколадо, непрестано матејки додека не добиете пенлив, сјаен фил.
Една кора оставете на страна. Оставете и малку од филот на страна за украсување. Со преостанатиот фил соединете ги корите и премачкајте ја целата торта од страните и одозгора. Од филот кој го оставивте на страна, блиску до надворешниот раб на тортата со шприц направете 8 - 10 розети. Оставете ја тортата во фрижидер.
За глазурата, од 200 гр. шеќер направете сув или воден светол карамел, веќке по ваша навика. Истурете го врз издвоената кора. Кога малку, сосем малку ќе подолади, со врел нож исечете ја кората на 8 - 10 триаголнци, во зависност од тоа колку розети сте направиле. Кога сосем ќе се олади карамелот, скалесто наредете ги триаголниците врз тортата. И, толку....
Послужете ги своите домашни или своите гости за која прилика сакате, или, онака, без посебен повод.....
Лиценца: Сите права се задржани
vasata prekrasno izgleda
НЕ - ДАЈ - БО- ЖЕ! :) :) :) :)
супер личи убавинава. ми текна дека мајка ми правеше торта округлеста со карамел, ама појма немам која е. барав во тефтерот не ја најдов. ќе си мислам дека е оваа и нема да ја направам во скоро време :) :) :) :)