6
фев
2013
Двобојни кекси
Се замесува тесто од брашното, шеќерот, јајцето, маргаринот, пецивото и ванилите.
Тестото се дели на два дела. Во едниот дел се додава какаото, а другиот останува жолт.
Од двете теста се прават по две јажиња и се спојуваат. Се внимава јажињата да бидат унакрсно споени. Се добива ролна која се витка во најлонска фолија и се става во фрижидер убаво да се стегне. Од ролната се сечат парчиња со дебелина од 1-1,5 см, се редат во подмачкан плех и се печат.
Колачињата се доста вкусни и интересни посебно за дечињата.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела
mnogu ubavi:))