Дански школски кекси по рецепт на Тања, одличен е, лесно за спремање, а одлична грицка.
 
- Се матат шеќерот и јајцата.
- Се додава брашното измешано со пецивото, се меша.
- Исечете го маргаринот на потенки ленти, додадете кај добиеното тесто и продолжете да месите се додека не се изедначи и добието фино тесто.
- Поделете го тестото на два дела - поголем и помал дел. Во помалиот дел додадете го какаото и месете се додека целото тесто не добие кафена боја.
- Врз хартија за печење расукајте ги двете теста во правоаголна форма. Ставете ја кафената кора врз жолтата. Замотајте во ролат.
- Ставете го добиениот ролат во фрижидер да одстои најмалку 1 час за да полесно потоа го исечете на кругови.
- Исечените кекси ставете да се печат на 180 степени предходно загреана рерна околу 10-15 мин.
Колку ќе биде дебелината на самите кекси вие измерете по ваше мислење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани