Далматинец торта
1.Најпрво сварете го пудингот со млекото и шеќерот и оставете го да олади.
Подгответе го пандишпанот.
2. Изматете ги пенесто белките со шеќерот. Додадете го маслото и на крај додадете ги брашното и пецивото. Оставете го на страна и подгответе ја кафеавата смеса.
3. Изматете ги жолчките со шеќерот, додајте ги маслото, млекото и на крај какаото, брашното и пецивото.
4. Во подмачкан и набрашнет калап (бр. 26) на изменично со лажица ставајте од белата смеса и од кафеавата додека не се се потрошат.
5. Ставете го да се пече на 180 степени 20 минути.
Подгответе го филот.
6. Маргаринот омекнат на собна температура изматете го со оладениот пудинг и поделете го на два дела. Во едниот ставете бела стопена чоколада, а во другиот стопена чоколада за готвење.
7. Оладениот пандишпан прелијте го со зовриено млеко. Со лажица земајте од двата фила и на изменично ставајте на пандишпанот. Израмнете ја површината и украсете со рендана чоколада.
8. Оставете ја два часа во фрижидер, потоа послужете ја.
Лиценца: Сите права се задржани
едно утро станува братучедка ми и гледа дека детево не е во кревет. по првото облевање со ладна пот, се совзема и ѕирка под биро кај што спие кутрето и ја наоѓа внука ми таму со јорганот и перницата :) :) :) :)