Далматинец торта
Состојки
- Бел пандишпан
- 4 белки
- 4 лажици шеќер
- 1 лажица масло
- 4 лажици брашно
- 1 лажиче прашок за пециво
- 1 лажиче ванила
- Кафеав пандишпан
- 4 жолчки
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици млеко
- 1 лажица масло
- 4 лажици брашно
- 1 лажица какао
- 1 лажиче прашок за пециво
- 1 лажиче ванила
- Фил
- 500 мл млеко
- 200 гр шеќер
- 2 пудинзи од ванила
- 200 гр маргарин
- 50 гр чоколада за кување
- 50 гр бела чоколада
- Прелив
- 250 мл млеко
Подготовка
1.Најпрво сварете го пудингот со млекото и шеќерот и оставете го да олади.
Подгответе го пандишпанот.
2. Изматете ги пенесто белките со шеќерот. Додадете го маслото и на крај додадете ги брашното и пецивото. Оставете го на страна и подгответе ја кафеавата смеса.
3. Изматете ги жолчките со шеќерот, додајте ги маслото, млекото и на крај какаото, брашното и пецивото.
4. Во подмачкан и набрашнет калап (бр. 26) на изменично со лажица ставајте од белата смеса и од кафеавата додека не се се потрошат.
5. Ставете го да се пече на 180 степени 20 минути.
Подгответе го филот.
6. Маргаринот омекнат на собна температура изматете го со оладениот пудинг и поделете го на два дела. Во едниот ставете бела стопена чоколада, а во другиот стопена чоколада за готвење.
7. Оладениот пандишпан прелијте го со зовриено млеко. Со лажица земајте од двата фила и на изменично ставајте на пандишпанот. Израмнете ја површината и украсете со рендана чоколада.
8. Оставете ја два часа во фрижидер, потоа послужете ја.