Колач далматинец (со пудинг)
Се прават две паниспањи.
За првата ги биеме 6 белки со 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 1/2 пециво, 3 лажици масло и 50гр.кокосово брашно.
За втората паниспања ги биеме жолчките со 6 лажици шеќер, 6 лажици брашно, 1/2 пециво, 2 лажици какао, 5 лажици млако млеко и 3 лажици масло.
Во правоаголно тавче бр.40 намрсено наизменично со лажица земаме од двете теста и ставаме од двете теста. Една лажица бело тесто, до него ставаме црно тесто и се така дури да ги потрошиме двете теста. Печиме на 180 степени околу 35 мин.
Колачот млак го потураме со шербет од 350 мл.млеко и 100гр.шеќер(млако).
Над колачот филоваме со пудинзите од чоколадо претходно сварени со 800мл млеко и 150гр.шеќер. Над пудинзите филоваме со шлаг кремот и над шлагот правиме точки од стопено црно чоколадо.
Ако не сте љубители на кокосовото брашно не мора во белото тесто да ставете кокос, колачот е вкусен и без него. Домашните, а посебно син ми беше воодушевен од изгледот,баш му личел на кученце со дамки.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови