Прекрасно посно јадење изобилува ароми со благо пикантен вкус го поттикнува варењето на храната.
Сланутокот изобилува корисни хранливи материи и растителни влакна. Со еден збор моето последно воодушевување.

Се остава во вода сланутокот, нека отстои 1 лас. После се вари во поголемо количество вода на умерено, додека зрната сосема не омекнат(од прилика како грав).

На страна во тавче со масло се пржи сечкан кромидот, пиперката сечкана исто, се додава лукот и сите зачини заедно. Мора да се пропржат една минутка, дадека не си пуштат арома, постојано се меша.
Сварен и цеден се додава сланутокот, се става доматната салца (и обична домата ќе заврши работа),се остава со покриен капак да прокрчка 10 минути, се става шеќерот сосема на крај и за минутка-две се трга од оган.
Се остава на страна така прекриен нека стои 15 минути, да си се спојат аромите

Индијците го макаат со нивниот наан, јас во брзина си препеков лепче.
Прекрасен оброк, меѓу поубавите за мој вкус кој неодамна сум го јадела. Моја препорака е да не изоставате ни еден зачин - чинам во тоа е тајната на ваков вкус....

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови