Гурмански грниња
Ручек кој се јаде во студени денови, ха, ха, едвај чекав да залади па да се сладиме со сопругот на овој ручек.
Прво свинската коленица се мие, се става во тенџере, се додаваат сол, зрна бибер и ловоров лист и се вари на тивко околу 1,5 час или се додека убаво не се свари месото.
Од кога е сварена се чисти од коската.
Додека се вари коленицата се спрема зелката
На загреано масло, или половина маст, половина масло се става да се пржи зелката од расол.
Се пржи околу 1 час, или се додека не испари течноста и зелката не ја смени бојата.
На крај се додава ситно сецканиот праз и се запржуваат уште некоја минута.
Се трга од оган се зачинува, се додава црвен пипер.
Сега во 2 мали грненца се става по 2-3 лажици испржена зелка, па од месото, по 2 чили пиперчиња и се поклопува со остаток од зелката. Се залива со вода или расолницата, или пола-пола.
Се печи во загреана релна на 200 степени околу еден час.
Фали ушта чаша црно вино и топло лепче.На здравје.
Лиценца: Сите права се задржани