Превкусна торта и филот е прекрасен.
Прво со модла ги сечеме корите во форма на срце и секоја ја попрскуваме со кола сок.
Путерот пенасто го матиме со шеќерот во прав. На страна ги мешаме мелените ореви и бисквити и ја додаваме кората од лимон и сокот. Го додаваме кола сокот и убаво мешаме.
Оваа смеса ја додаваме кај путерот и се заедно миксаме околу 2 минути.
Првиот дел од кората го ставаме во сад и го нанесуваме целиот фил, па преклопуваме со вториот дел.
Чоколадото го топиме на пареа и ја прелеваме тортата.
Од фонданот обликуваме срциња и декорираме. Декорацијата ја звршуваме со шарени трошки за декорација од Фантазија.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови