Варени и подпечени компири
Компирите убаво се мијат и заедно со се лушпа се ставаат да се варат во солена вода. Кога се сварени им ја истураме водата, убаво ги цедиме и оставаме да се изладат.
Потоа им го сечиме горниот дел и со помош на мало лажиче ја длабиме внатрешноста. Издлабената внатрешност ја сецкаме на коцки.
На маслиновото масло го пропржуваме ситно, сецканиот кромид со малку сол. Потоа ја додаваме печеницата и таа сецкана на коцки, па коцките компир. Се убаво пропржуваме, ја додаваме супата и оставаме на кратко да проврие. Ги додаваме зачините.
Ги полниме компирите и ги наросуваме со рендан кашкавал.
Ги редиме во плехче, кое сме го обложиле со хартија за печење и малку сме ја намрсиле. Печиме 20 мин. на 180 Ц. степени во претходно загреана рерна.
Добар апетит!!!!
Лиценца: Сите права се задржани
I nie mnogu si gi sakame... :-)