5
дек
2020
Подпечени тестенини со ќофтиња во павлака
За ќофтиња
Во мелено месо додајте ситно сечен кромид и лук , рендан морков, ситно сечен магдонос,подсолете додајте сув зеленчук и црн пипер.
Направете мали ќофтиња и испржете ги.
Тестенини сварете по упатство.
Во тава наредете тестенини и ќофтиња, прелијте со павлака, додајте сув зеленчук.
Ставете ја тавата да се пече на 20 минути.
Извадете тава одозгора изрендајте кашкавал и ставете уште да се пече, на 15 минути.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани