Тестенини со ќофтиња, спанаќ и моцарела
За љубителите на тестенини, еве еден вкусен рецепт.
1.Прво ги подготвуваме ќофтињата. Во меленото месо додаваме јајце , 3 лажици зејтин и зачини , мешаме и правиме мали ќофтиња со големина на орев. Ќофтињата ги пржиме или печеме на хартија за печење во рерна. Јас ги печев во рерна со тоа што ги наредив на хартијата и одозгора ги попрскав со малку зејтин. Се печат на 180 степени 20 миниути.
2. Измиениот спанаќ го сечеме и го ставаме во тава со зејтин, сол и малку вода да се издинста.
3. Макароните се ставаат во зовриена солена вода да се варат. Ги варев 4 минути ( на упатството пишуваше да се варат 8 минути). Значи на половина варени.
4. Во плехот во кој ќе ги печеме тестенините ги ставаме макароните. Врз нив се додава спанаќот и сечената моцарела. Одозгора се редат ќофтињата и се полева со доматниот сок. Јас употребив готов сок од домати. Одозгора се поросуваат со ситно изрендан пармезан.
5. Тестенините се печет на 200 степени околу 20 минути, за да испари доматниот сок и да се стопи пармезанот.
На здравје ручекот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови