Подпечени макарони
1. Се варат макароните во доста солена вода - ал денте.
2. Се цедат, се стават во подмачкано плекче, се додава путерот,се брка.
3. Се мешаат заедно павлаката и јајцата, се додава изронетото сирење, се истура врз макароните. Се додаваат и исецканите на ситно шунка или сланина. Се брка, се става да се подпече
- Павлаката дава ,многу префинет вкус на вака подпечените макарони
Совет
- Ова кај нас секој го сака различно спремано. Го напишав рецепотот со сирење бидејки мнозинството е на оваа страна, а јас лично за мене го спремам малку поизменето - односно сирењето го заменувам со кашкавал, па кога ќе се добие онаа фина тенка коричка врз макароните го вадам тавчето од рерна, го полевам со салса и пак го вракам назад во рерна за кратко време да се подпече заедно со салсата. Како и да го спремате, секако е убаво. Салсата или си ја направете сами или куповна, па ќе ставите настрана секој да си се служи со неа.
Уште многу топли се извадени во чинија, инаку кога оладат може да се сечи како парче колач, затоа на сликата изгледаат како растурени.
Макароните нека се по ваш избор.
Лиценца: Сите права се задржани