Во загреана тава се растопува путерот. Се додаваат шампињоните и кратко се пропржуваат. Во тавата во која што планирате да ги печете ги ставате макароните. Потоа се додаваат пропржените шампињони, доматното пире, изренданото сирењето, млекото, водата и минералната вода и се убаво се промешува. Се зачинува со малку сол и вегета, и по желба бибер или оригано. Битно е убаво да се промеша за да навлезе течноста убаво во макароните.

Се става да се пече на температура од 180-200 степени околу 30-40 минути. Кратко пред да бидат готови се вадат се посипуваат со претходно изренданиот кашкавал и се враќаат во рерна уште 5 минути, доволно за кашкавалот да се растопи.

По желба може да се стави и павлака откако се готови.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови