Потпечени макарони
Состојки
- 30 гр путер
- 100 гр кашкавал
- 100 гр сирење (овчо или некое друго но помасно)
- 100 гр свежи шампињони
- 500 мл вода
- 500 мл газирана минерална вода
- 500 мл млеко
- 500гр макарони (поситни)
- 30 мл доматно пире
Подготовка
Во загреана тава се растопува путерот. Се додаваат шампињоните и кратко се пропржуваат. Во тавата во која што планирате да ги печете ги ставате макароните. Потоа се додаваат пропржените шампињони, доматното пире, изренданото сирењето, млекото, водата и минералната вода и се убаво се промешува. Се зачинува со малку сол и вегета, и по желба бибер или оригано. Битно е убаво да се промеша за да навлезе течноста убаво во макароните.
Се става да се пече на температура од 180-200 степени околу 30-40 минути. Кратко пред да бидат готови се вадат се посипуваат со претходно изренданиот кашкавал и се враќаат во рерна уште 5 минути, доволно за кашкавалот да се растопи.
По желба може да се стави и павлака откако се готови.