23
јун
2015
Брускети со песто од пиперки (посно, веган)
Пиперките испечете ги, оставете ги да оладат и потоа излупете ги. Оставете ги да се исцедат од вишокот течност. Ставете ги во блендер.
Додадете ги и останатите состојки- тофу сирењето малку издробено, мелените бадеми, лукчето, босилекот, маслото и сол по вкус. Изблендирајте ги да се добие изедначена мазна смеса.
Добиеното песто - намаз оставете го фрижидер убаво да се разлади и да се спојат вкусовите.
Пред служење багетот или лебот кој сте го избрале исечете го на помали парчиња, попрскајте ги со маслиново масло и запечете ги на тостер или грил тава. Потоа со лажиче нанесете од пестото, посипете го малку со мелени бадеми и украсете ги со ливчиња босилек или магдонос.
Лиценца: Сите права се задржани
Klaric super e kombinacijata nas ni se dopadna, sepak poveke e vkus na piperka....inace lepceto e baget, ajde poveli na meze:)))
Imam dva recepti so tofu, prethodno go mariniram i posle go spremam.....