
29
фев
2020
Брускети со песто и моцарела
Вкусно, брзо и декоративно мезе на италијански начин.
Лебот се сече на долгнавести парчиња.
Секое парче леб намачкајте го со една лажица маслиново масло и ставете по една кафена лажичка црвено песто.
Ставете моцарела и печете во загреана рерна на 200 степени околу 5 минути.
Послужете топли.
*точни мерки не наведов бидејќи количината можете да си ја прилагодите според потребите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови