Испечати

Брускети со песто и моцарела

Брускети со песто и моцарела

Состојки

  • парчиња леб багет
  • црвено песто
  • маслиново масло
  • според ваша оцена моцарела

Подготовка

Вкусно, брзо и декоративно мезе на италијански начин.
Лебот се сече на долгнавести парчиња.
Секое парче леб намачкајте го со една лажица маслиново масло и ставете по една кафена лажичка црвено песто.
Ставете моцарела и печете во загреана рерна на 200 степени околу 5 минути.
Послужете топли.
*точни мерки не наведов бидејќи количината можете да си ја прилагодите според потребите.