
Предјадење - брускети со печени пиперки
Превкусни се!!
За багет лепчето имам ставено рецепт, само наместо да го делам тестото на 2 како во рецептот, за багет го делам на 3 делови.
1. Пиперките се мијат се чистат и се делат на половина. Се стават со лушпата нагоре во плех и на грил се печат 15 мин додека да оцрни лушпата.
2. Се остават да оладат малце и се лупат.
3. Се сецкат ситно и се мешаат со бибер, оригано и некој капки маслиново масло.
4. Лепчината се сечат, се прскат со маслиново масло, се ставаат на плех со мрсна хартија и се печат некоја минута да дојдат крцкави.
5. Се споделува намазот од пиперките на лепчињата. Се поросуват со малце сол и се декорират со оригано.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови