19
јун
2015
Предјадење од пиперки и мелено месо
Едноставно, декоративно, вкусно предјадење
Во една здела се ставаат исцедениот леб, месото, јајцето, кромидот и зачините.
Убаво се меси со рака.
Нека одстои во фрижидер 1 час, за да се спојат вкусовите.
Зелените пиперки се мијаат, се чистат од семето и се полнат со лажиче со спремната смеса.
Може да одстојат во фрижидер 30 минути( а и не мора) па се сечат парчиња, отприлика широки по 1,5-2 цм.
Се пржат во тава во која има малку маслиново масло од двете страни.
Сервирајте и уживајте со чаша бело вино или ладно пиво.
Лиценца: Сите права се задржани
Ама се распишав, не замерувај :)