Испечати

Предјадење од пиперки и мелено месо

Предјадење од пиперки и мелено месо

Состојки

  • 5-6 зелени пиперки
  • 400гр мешано мелено месо
  • 1 јајце
  • 1 главица сецкан кромид
  • 1 парче двопек натопено во млеко
  • сол,оригано, триена сол, бибер, зачин.....

Подготовка

Едноставно, декоративно, вкусно предјадење

Во една здела се ставаат исцедениот леб, месото, јајцето, кромидот и зачините.
Убаво се меси со рака.
Нека одстои во фрижидер 1 час, за да се спојат вкусовите.
Зелените пиперки се мијаат, се чистат од семето и се полнат со лажиче со спремната смеса.
Може да одстојат во фрижидер 30 минути( а и не мора) па се сечат парчиња, отприлика широки по 1,5-2 цм.
Се пржат во тава во која има малку маслиново масло од двете страни.
Сервирајте и уживајте со чаша бело вино или ладно пиво.