3
окт
2014
Брза пита со вкус на пица
Бидејќи си го сакаме вкусот на пица, а во недостаток на време, некој пат не може да месиме тесто, еве брз начин на подготовка на пита со вкус на пица.
1. Ги сечкаме печурките на ситно.
2. Сите состојки за тесто се мешаат со миксер.
3. Се става смесата во намрсено и набрашнето тавче или пак на хартија за печење, во тавче бр. 26 на 200 степени.
4. За филот ја сечкаме саламата, ги рендаме сирењето и кашкавалот. Сите состојки ги мешаме заедно со јајцата.
5. Кога ќе се испече, го ставаме филот врз веќе испеченото тесто, посипуваме со сусам и оригано, па го враќаме тавчето повторно во рерна. Кога ќе се испечат јајцата, а тоа се некои 5-6 минути, ја вадиме питата.
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани