Прво се спрема филот.
Се вари млекото со шеќерот и ванилин шеќер. Потоа постепено се додава гризот и се вари да згусне. Кога ќе се згусне се трга од ринглата и се додава кокосот и убаво се меша.Се остава на страна да се олади.
Пандишпан
Се матат јајцата со шеќерот убаво. Потоа се додаваат останатите состојки и се добро се соединува. Во подмачкано и набрашнето плехче се истура пола од смесата за пандишпан. Се става да се пече на 200 С до 15 минути. По 15 минути се вади плехчето и се става пола од филот, па одозгора се редат ролер стапчињата и пак филот. Сега врз филот полијте го преостанатото тесто за пандишпан. Вратете го во рерна и допечете уште 25 минути на истата температура. Кога е готова тортата се остава добро да се олади и одозгора се филува со шлаг пена. Украсете по желба

Оваа торта ја направивме по желба на мојата ќерка толку брзо се прави што јас ја направив пред да одам на работа. Пробајте ја многу е вкусна и лесна за јадење.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови