Подготовка. Го матиме маргаринот со шеќерот ги додаваме јајцата. Ги матиме јајцата уште малку потоа го додаваме млекото, промешуваме, ги подаваме брашното измешано со пецивото, промешуваме, го додаваме какаото ја промешуваме смесата.

Ја подготвуваме кокос смесата.
Ја матиме белката во цврст снег,  го додаваме шеќерот, проматуваме уште 2 минути, потоа го додаваме кокосот и брашното промешуваме со лажица.
Земаме тавче бр 24 го намрсуваме со масло а потоа го посолуваме со брашно. Ја ставаме половината од црната смеса, па врз неја ја распоредуваме кокос смеса и пак ја додаваме другата половина од црната смеса. Печеме на 190 степени околу 40 мин. Колачот можете само да го посолите со прав шеќер или да го полиете со
чоколадна глазура и да го украсите со слатка павлака или пак да го полиете со малку шербет тоа останува на вас.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови