6
апр
2013
Ресана торта со кокос
1. Исечете ги ресаните на 4 дела. Бисквитите искршете ги и заедно ставете ги во една подлабока вангла.
2. Додадете го кокосот и ренданото чоколадо, па убаво измешајте.
3. Во тенџере на оган ставете го маргаринот во млекото да се стопи и оставете да врие околу една минута.
4. Смесата уште жешка истурете ја во ванглата и измешајте.
5. Потоа истурете ја смесата на подлогата од кутија за торта и обликувајте ја тортата со раце.
6. Оставете ја во фрижидер да се стегни и одозгора филовајте ја со шлаг пена или глазирајте ја со растопено чоколадо.
Лиценца: Сите права се задржани
Невенче и Кате, ти штом не го сакате косот можи да си ја зголемите малку дозата на ресани и кокосот да го заборавите, или пак, место коскос ставете мелени ореви :)
Оние кои немаат аверзија кон кокос, тврдам дека оваа комбинација на ресана торта многу ќе им се допадни. Кокосот многу успешно ја надополнува мешавината од вкусови, односно на портокалот од ресаната и не се истакнува пред неа, ами само фино си се вклопува. (станав „експерт“ за раскажување на вкус хаха. се приметив, дека ова не ми е прв пат :))) )
Весна, и јас имам сличен и уште еден поскромен рецепт за верзија на оваа торта, и во сите случаеви е секако вкусна. Ресана си е ресана, незаменлива ;) Ти препорачувам следна прилика и вака да испробаш.
Лили, ресани од 900 гр. Сега топ е од нив во продавниците ;) Остана и уште некоја за плус.
Мајушкааа!!!:) Овде се сум измешала јас хаха... Парченце нема одамна. Беше планирана за као роденденска (за мој роденден), ја правев ден или два порано и до роденденот не остана ни ронче. буквално си рукчаа дечкиве од неа и не ме оставија никому да носам :))) Па за роденденот морав таа другата да ја правам (и тоа не дека сакав торта, ами ме провоцираа-затоа) :)))
Декорацијата се погоди со моментот, убав ден и малку волја... обично сум си голема мрза да украсувам :)))
ubava i torta i dekoracija pozzz
Пчеличке, ти благодарам на довербата. Ти уште повеќе си ја доградила со вкусови :) Мило ми е што им се бендиса на конзументите. Кај нас секогаш рекордно ја снемува :)