Банана коцки со крем од кикирики путер
Загрејте ја рерната на 175 Ц.
На дното на правоаголен калап за печење со големина 30 на 20 цм ставете хартија за печење.
Во еден мал сад измешајте ги брашното со содата и прашокот за пециво.
Во еден мал сад испасирајте ги бананите.
Во еден поголем сад пенесто изматете го путерот со двата вида шеќер. Додајте ги едно по едно јајцата, добро матејки мегу секое додавање. Додајте ги бананите и добро изматете. Наизменично додавајте ги брашното и млекото, брашното во три, а млекото во два наврати, добро матејки. Истурете ја смесата во калапот за печење.
Печете 40 - 50 мин или проверете со чепкалка. Оставете да се олади на жица.
За кремот во еден поголем сад изматете ги со средна брзина кикирики путерот, путерот, двата вида шеќер и солта додека не стани кремасто. Матејки додавајте постепено од слатката павлака додека не добиете сосема мазен, пенлив крем.
Одвојте ги страниците на колачот од калапот и превртете го на работната површина. Исечете на 15 коцки. На секоја украсно нашприцајте од кремот. Одозгора наросете чоколадни лушпи.
Чувајте ги во затворена кутија во фрижидер, но пред послужување донесете ги на собна температура.
Лиценца: Сите права се задржани
Kremot malku da ja razbie monotonijata na ednostavniot keks :)