Банана коцки со крем од кикирики путер
Состојки
- За тесто
- 1/2 шоља (115 гр) путер на собна температура
- 1 1/2 шоља (300 гр) шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 2 јајца
- 3 поголеми, сосема зрели банани
- 2 шољи (260 гр) сенаменско брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- 1 лажичка сода бикарбона
- 1/2 шоља (120 мл) млеко
- За крем
- 1 шоља (235 гр) кикирики путер на собна температура
- 1 шоља (115 гр) шеќер во прав
- 90 гр путер на собна температура
- 1 кесичка ванилин шеќер
- прстофат сол
- 200 гр слатка павлака со најмалку 30% м.м.
- За украсување
- малку чоколадни лушпи
Подготовка
Загрејте ја рерната на 175 Ц.
На дното на правоаголен калап за печење со големина 30 на 20 цм ставете хартија за печење.
Во еден мал сад измешајте ги брашното со содата и прашокот за пециво.
Во еден мал сад испасирајте ги бананите.
Во еден поголем сад пенесто изматете го путерот со двата вида шеќер. Додајте ги едно по едно јајцата, добро матејки мегу секое додавање. Додајте ги бананите и добро изматете. Наизменично додавајте ги брашното и млекото, брашното во три, а млекото во два наврати, добро матејки. Истурете ја смесата во калапот за печење.
Печете 40 - 50 мин или проверете со чепкалка. Оставете да се олади на жица.
За кремот во еден поголем сад изматете ги со средна брзина кикирики путерот, путерот, двата вида шеќер и солта додека не стани кремасто. Матејки додавајте постепено од слатката павлака додека не добиете сосема мазен, пенлив крем.
Одвојте ги страниците на колачот од калапот и превртете го на работната површина. Исечете на 15 коцки. На секоја украсно нашприцајте од кремот. Одозгора наросете чоколадни лушпи.
Чувајте ги во затворена кутија во фрижидер, но пред послужување донесете ги на собна температура.