Колач со путер од кикирики и банана
Нешто сосема ново, моја изведба на она што ми се најде по дома и се разбира да ја искористам и последната залиха од домашниот путер пред да се направи нов. Комбинацијата со банана и путерот од кикирики за мене е врв!!!
Еве ги коцките кои беа направени и експресно изедени...
Подготовка на тестото.
Започнуваме со подготовка на тестото(бисквитот). Белките ги делиме од жолчките.
Белките ги матиме додека не се направи густа пена во нив го додаваме шеќерот и повторно матиме околу пет минути додека шеќерот не се растопи. Миксерот го исклучуваме и во нив додаваме две големи лажици домашен путер од кикирики, две големи лажици презла и две големи лажици мелени бисквити мешаме со шпатула додека не добиеме компактна смеса. Премачкајте го плехот или обложете хартија и сипете ја смесата. Печете на 180 степени околу половина час. Плехот е со големина на рерната. Извадете го тестото и пресечете хоризонтално да добиете две идентични теста.
Подготовка на филовите.
Во мелените бисквити сипете го сокот од праска и додадете го путерот од кикирики промешуваме.
Оделуваме 200мл.од ладното млеко во него ги додаваме жолчките и густинот мешаме. Во остатокот зовриено млеко заедно со шеќерот ја сипуваме оваа смеса и мешаме додека не добиеме убав слаткарски крем. Кремот го оставаме да се излади па го соединуваме со предходно изматениот путер со шеќер во прав. Овој крем го делиме на половина. Во едната половина ги додаваме мелените бисквити,путерот од кикирики и сокот од праска,втората половина останува иста.
Започнуваме со филување на колачот. Почнуваме со тесто, половина од филот со бисквити, сецкана банана, посолуваме какао, нанесуваме од жолтиот фил, тесто, завршуваме со филот со бисквити и жолтиот фил кој на крај му посипуваме какао и нежно со нож ги прошаруваме коцките(може но и не мора. Доколку не ви се допаѓа постапката со какао оставете само жолт фил на крај. Јас за фајнл тач ставив и по една туфка на секој колач со жолтиот фил.
Јас и моите дегустатори немавме ама баш никаква забелешка колачот навистина е фантазија.Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани