Имам пробано многу баклави, ама оваа се топи во уста и не можеш да застанеш на едно парче - затоа внимавајте...опасно по линија!

Па да започнеме - се мешаат сите состојки за филот во длабок сад.

Во подмачкан правоаголен плех се става една кора и се попрскува со масло. Врз неа се реди втора кора и таа се прска со масло и така по ред се ставаат вкупно 5 кори. Настрана за на крај, се тргаат уште 5 кори.

6-тата кора се прска со филот и така се продолжува додека не се потрошат сите кори и филот. Потоа се доредуваат 5-те кори кои ги тргнавме настрана кои при тоа се прскаат со масло и минерална вода.

Баклавата се сече и се става да се пече најпрво на 250 степени додека зе зацрви, а потоа температурата се намалува на 100 степени, за да се досуши филот. Печењето трае околу 1,5 часа.

При крај на печењето, се подготвува шербетот - се мешаат сите состојки и се остава кратко да поврие.
Баклавата малку оладена, се прелива со малку оладениот шербет.

Пробајте. Јас не смеам повторно да ја направам - ха,ха,ха...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови