Бадем торта
Уште една торта, која си ја подготвив за мојот роденден.
Направив лесна торта, зашто месецов се презаситивме од слатко .
Имаме три родендени, мојот и на двете ќеркички, а
славата ми е на прагот .....
За подготовка на овој рецепт ми е потребен длабок сад во кој ги матам јајцата со шеќерот.
Откако добив пенеста смеса, ги додавам брашното помешано со пециво и ванила, а на крајот постепено ги доставам бадемите.
Оваа смеса ја префрлам во плех за печење каде претходно ја растегнав хартијата за печење.
Печам на температура од 200 степени околу 30 минути.
Додека пандишпанот се пече, одам со подготовка на филот.
Половина од млекото го налеваме во тенџере на оган, а преостанатата половина го мешаме со прашокот за пудинг.
Непрекинато мешаме со жица во зовриеното млеко, го додаваме пудингот.
Ја добиваме потребната густина и додаваме мелени ореви.
Оставаме да излади.
Во друг сад пенесто го матиме путерот и шеќерот, па го додаваме изладениот пудинг.
Мешаме додека не се соедини.
Изладениот пандишпан го делиме на два еднакви дела.
На чинија за торта, ја ставаме едната половина па филуваме со горе наведениот фил.
Секое ресана колаче го натопуваме со леко па го редиме врз филот.
постаката ја повторуваме и со вториод пандишпан, па целата торта ја премачкуваме со филот.
Оставаме да се излади и да се стегне филот во фрижидер околу 15 минути.
На страна го матиме шлаг кремот според описот на опаковката па ја премачкуваме изладената торта. Јас декорирав со растопено чоколадо. Декорацијата ја оставам на вашата фантазија....
Нека се излади, нека отстои околу еден час најмалку.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Оваа торта е уште еден пример за твоите рецепти - млада мајка и домаќинка, на која не и требаат премногу состојки, за да приготви домашни оброци за своето семејство. Знаеме дека најважната состојка тука е љубовта!
Како благодарност за твојот труд добиваш подарок Делимано Фестиво електрична тава http://links.delimano.com/c/1154144
Честитки!
Научив многу од вас, а се надевам и дека има што да учам уште..... како што велат човек учи додека е жив. А јас, како што кажавте сум млада па имам уште мноогу да осознавам од моите драги пријателки овде.
Гледам има многу МАЈСТОРИ во кујната, па се надевам дека еден ден и јас ќе бидам како нив :)
Уште едно огромно благодарам :) :) :)
Prekrasna torta,mnogu mi se dopagjaat vakvite torti,a domasnite gi obozavaat. :))
убаво не' храниш :) :) :) :)