Ачма - турско пециво
Ачмата ми е едно од омилените пецива, па се потрудив да најдам рецепт за неа и да ја правам дома почесто. Ова е оригиналниот рецепт, без додатоци и филови кој го најдов на интернет, само направив мала модификација на состојките за да добијам убаво и меко тесто.
1. Водата се става во длабок сад, се додаваат шеќерот и квасецот и се меша со дрвена лажица. Се остава да кисне.
2. Потоа се додава млекото, белката од јајцето, две третини од шолјата масло, солта и убаво се меша.
3. На крај се додава брашното и се меси лепливо и меко тесто.
4. Се остава да кисне.
5. Со остатокот од маслото се мачкаат рацете и од тестото се формираат ѓевречиња во кои може да се ставаат маслинки, сирење, шунка и други додатоци по желба. Се редат на хартија во плех.
6. Се мати жолчката со лажица масло и се премачкуваат ачмите.
7. Се посипуваат со ким, морска сол или сусам.
8. Се печат во рерна загреана на 200 степени додека да се зацрвенат.
Колку повеќе и подолго го месите тестото, толку помеки пецива ќе добиете. Ова е изворно турски рецепт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Многу добар рецептов:)
http://moirecepti.mk/post/%D0%B0%D1%87%D0%BC%D0%B8
Сега се прашувам колку ли се авторски и другите слики од нејзините рецепти и колку е во контекст веродостоен било кој таков рецепт.
Соларис, ние овде сите сме против кражби на слики, кои се потпишани како авторски, а и правилата на сјатот пред да се отпочни со праќање на рецепти треба да се прочитаат. Па уште и авторски си ги штиклирала, дури и со никот си ги потпишала.
Јас се мислам три дена дали да ставам СЛИЧЕН рецепт, ЕЕЕЕЕЈЈЈЈ!!!
И имам уште многу работи да кажам, ама ќе преќутам, колку сум извадена од такт!!!!
http://forum.femina.mk/recepti/kifli-t3014/20.html
Кој сака нека верува, кој не сака, не мора.
Нема проблем, не ви се лутам, ве сфаќам, и знам како е кога некој друг на готово ќе добие се, а вие се мачите.
А во однос на Дијана45, мислам и дека ЛилјанаИлиева има искоментирано за јајцето нуркач...под претпоставка дека го видела претходно...како и да е...Крадци има, ама Господ рекол ,,Нема ништо сокриено , што не ќе излезе на виделина“.
Соларис ти предлагам да продолжиш да не дружиш, сепак трудот треба да се покаже, а мислам дека секој би изреагирал вака како ние.
Kako da e, na igricite im nema kraj, Resavska Skola turbo raboti :)))
Kako da e, Receptott Solaris ti e za cista petka, jas sum go napravila
i na site vi go preporacuvam. Apsolutno avtenticen vkus :)
Околу другиот муабет мислам се е кажано, за жал ни прв ни последен пат да се користат туѓи и слики и рецепти .. но ете каде ќе видиме се ургира и се укажува на тоа.
Се надевам дека и со твоите рецепти ќе биде се исправено и ќе може да ни ги презентираш :)
Ние колку што можеме проверуваме по интернет, ама не можеме се да откриеме. Оставаме и на претпоставка дека членките чесно се претставуваат. А наша среќа е што ве имаме вас, да ни помогнете кога ние нешто ќе пропуштиме :)
Сепак, на интернет не секогаш може да се заштитат авторските дела. Се трудиме најмногу што можеме и секогаш реагираме на други места каде што се "крадат" и наши и ваши рецепти. Така и ќе продолжиме.
Поздрав до сите.
А на мојата страница, додека ги постирам албумите не може да се пишува рецепт, може и да задоцнам, но веднаш во пораки стотици нестрпливо ми пишуваат да го напишам и тоа од соседните земји најчесто, и се ви е јасно...Мене ме запрепастува и другата страна на медаљата... Додека јас плачев и врескав цел ден да се огласи сајтот, популарноста на сајтот му порасна за илјадници лајкови, а тоа се случува со секој крадец, сите знаете дека и тоа им е еден начин да излезат од анонимност ... Сеирџиството ни е најјака страна, за жал... Се распишав, но кога си го минал ова, знаеш како е...
Иако ги поминавме „детските болести„, сепак мора да се реагира... Поздрав до сите креативци и вредници
Toa, najkopiranata slika sto mi e, jas vo minus ja cenam, i iako sekade prativ e-mail poraki i privatni poraki, se otstrani, no instantno na istite ili drugi stranici se pojavi.... Mentalniot sklop pogresen e :))))
A Moi Recepti, seuste sakam da veruvam, deka ke si ja vrsat nivnata rabota....
Тимот на МоиРецепти одлучи дека сите рецепти од dijana45 ќе се одстранат од МоиРецепти.
Ви благодариме на сите забелешки и сугестии.
Поздрав :)
Жени и девојки, членки на оваа страница, јас ви се извинувам што грубо реагирав кога ме нападнавте дека сум ја украла сликата и рецептот. Ве сфаќам сите вас, и со право реагирате. Искрено се надевам дека убаво ќе се дружиме понатаму!
Neka zavrsat ovie zloupotrebi na necij trud i da se fokusirame na ubavite recepti sto sleduvaat a i kako predlog neka se pobaraat sliki i od postapkata na podgotovka na receptot .