Турско слатко путер пециво со цимет
Мирисна слаткотија ќе ве обземе кога ќе го печете ова вкусно украсно пециво, а пак кога ќе го пробате е тогаш е вистинскиот занес. Затоа кај нас се прави во дупла доза како што е напишано во состојките. Ви го препорачувам доколку го сакате слаткиот вкус на путер и цимет измешан со јаткасти плодови.
1. Путерот за тесто го топиме на тивок оган. Сите состојки заедно со путерот ги замесуваме со млако млеко. Месиме додека да добиеме еластична мазна топка од тесто која ќе ја оставиме да стаса, да се дуплира.
2. Го подготвуваме филот. Ги мелеме бадемите и лешниците на сечко, а можете да си ставите и само ореви или комбинација од јаткасти плодови. Ги соединуваме омекнатиот путер, шеќерот во прав и циметот
3. Откако тестото ќе стаса го делиме на четири дела. Секој дел го расукуваме тенко до 5 мм во правоаголна кора и го премачкуваме со ¼ од филот, па потоа ги посипуваме со јаткастите сечкани плодови. Поминуваме со рака или лажица за да се залепат. Мотаме ролати кои ги сечеме на триаголници. Секое триаголниче по средината го притискаме со рачката од дрвена лажица.
4. Ги ставаме во намрсена тава и ги оставаме 15-20 минути да стасаат. За тоа време ја вклучуваме рерната на 180-200 степени.
5. Пред печењето ги премачкуваме со измешано масло и жолчка, а може да го премачкате и пред стасување, како ќе ви оди работата така правете. Печеме додека да поруменат. Кога ќе ги извадите од рерна можете да ги премачкате со мед во кој сме раствориле неколку капки вода.
Забелешка
Оригиналнот рецепт е со ореви. Печев во Делимано тава и воопшто не ја ни намрсив. Ако сакате да ви бидат поблаги можете да ставите повеќе шеќер во прав, на нас вака ни се вкусни и доволно слатки.
Во филот може да го ставите и сечканото јаткасто овошје, ама ќе добиете една погуста смеса, па сметајте на тоа дека малку потешко ќе ја размачкате на кората. Како сметате дека ќе ви биде полесно така правете. Од оваа количина на брашно излегуваат многу погачки, па доколку не ви одговара преполовете ги состојките.
Лиценца: Сите права се задржани