Ачма - турско пециво
Состојки
- една и пол шолја топло млеко (шољата е 200мл)
- едно и пол лажиче сув квасец (или коцка свеж квасец)
- половина шолја топла вода
- половина шолја шеќер
- шолја масло
- едно јајце
- лажиче сол
- 4-6 шолји брашно
- 2 лажици ким
Подготовка
Ачмата ми е едно од омилените пецива, па се потрудив да најдам рецепт за неа и да ја правам дома почесто. Ова е оригиналниот рецепт, без додатоци и филови кој го најдов на интернет, само направив мала модификација на состојките за да добијам убаво и меко тесто.
1. Водата се става во длабок сад, се додаваат шеќерот и квасецот и се меша со дрвена лажица. Се остава да кисне.
2. Потоа се додава млекото, белката од јајцето, две третини од шолјата масло, солта и убаво се меша.
3. На крај се додава брашното и се меси лепливо и меко тесто.
4. Се остава да кисне.
5. Со остатокот од маслото се мачкаат рацете и од тестото се формираат ѓевречиња во кои може да се ставаат маслинки, сирење, шунка и други додатоци по желба. Се редат на хартија во плех.
6. Се мати жолчката со лажица масло и се премачкуваат ачмите.
7. Се посипуваат со ким, морска сол или сусам.
8. Се печат во рерна загреана на 200 степени додека да се зацрвенат.
Колку повеќе и подолго го месите тестото, толку помеки пецива ќе добиете. Ова е изворно турски рецепт.