Вклучете ја рерната на 180° да се загрева.
Ѓумбирот исецкајте го во коцкички со големина од 5мм. а брусницата исечкајте ја крупно. Ставете ги во еден сад и измешајте ги со румот. Оставете на страна.
Во еден длабок сад изматете го путерот или маргаринот пенасто заедно со шеќерот и солта. Додавајте ги јајцата едно по едно и матете за да добиете убава кремаста смеса. На трипати додадете го и брашното, убаво изматете. Ќе добиете доста густа кремаста смеса. Исклучете го миксерот.
Во садот со ѓумбир и брусница додадете 1 лажица брашно и промешајте. Додадете ги во смесата од путер и јајца и промешајте со кујнска шпатула. Ставете ја смесата во намастен долгнавест калап (30цм) и ставете да се пече 70 минути. Кога површината на колачот ќе потемне покријте со фолија за да не изгори и продолжете го печењето. После 50-60 мин. печење направете проба со дрвена чепкалка дали е печено.
Кога е готов, оставете го колачот 5мин. да отстои во калапот, па потоа извадете го од него. Кога ќе се олади, посипете го обилно со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани