Векна со афион, суви смокви, брусница, ѓумбир
Во вангличка ги ставаме половина количина на брашно, квасец, шеќер, сол, ванила, јајце, кора од лимон и растопен путер.
Промешуваме и додаваме околу 100 мл топло млеко.
Оставаме така да одстои 10 минути.
Потоа го додаваме остатокот на брашно и замесуваме мазно и нелепливо тесто.
Го покриваме и оставаме да се дуплира.
Сега го подготвуваме филот.
Јас сите состојки многу брзо ги соединив во садот на Нутрибулет.
Но може и постепено да се соедини се, односно мелен афион, сецканото суво грозје, сецканите суви смокви, индиски ореви, рендан ѓумбир, шеќер, слатка павлака, рум и ароматичните зачини.
Сега од втасаното тесто сучиме правоаголна кора.
Ја премачкуваме со веќе подготвениот ароматичен фил.
Виткаме ролат.
Го ставаме ролатот во долгнавест калап за леб, кој е обложен со хартија за печење.
По желба го премачкуваме со изматено јајце, наросуваме кафен шеќер.
Го оставаме така да одмори 20 минути.
Го печиме во загреана рерна на 200 с околу 30 минути
.
Пожелно е да се остави потполно да се излади, па да се сече на парчиња и послужи....а јас како и секогаш брзав и го сечев млак.
Како и да е вкусот е прекрасен.....
Лиценца: Сите права се задржани