Во мала касерола се ставаат шеќерот, млекото, путерот и ванилата да провријаат, 2-3 минути.
Се трга од оган и со мешање се додаваат мелените лешници и мелените бисквити.
Убаво се соединува и уште млаката смеса се нанесува на даска за колачи.
Убаво се израмнува.
Одозгора се прелева со глазурата од црно чоколадо со маслото.
Нека одстои на ладно 2-*3 часа.
Потоа се сече на ленти, па на триаголници.
Секој лешник се потопува со долната страна во белото чоколадо и се декорираат триаголниците со лешник.

Вкусни, брзи колачи, кои ќе ја збогатат празничната трпеза.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани