31
мај
2020
Солени триаголници
Уште една идеја за појадок или вечера подготвено во апратчето на Делимано и тоа на плочите за подготовка на сендвичи.
Се матат јајцата со малку сол со миксер,се додава млекото,зејтинот,брашното и пецивото.Кратко матиме и кон тоа се додава ситно сечената шунка и ренданото сирење и малку оригано.Пак кратко матиме.Апаратчето се загрева и се премачкува со малку зејтин(само првиот пат).Се става со лажица од смесата,се затвара апаратчето,се печат триаголниците околу 5 минути додека да заруменат.Така се прави додека се потроши смесата.Едноставно и вкусно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови